ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочивме со деструктивна опозиција

Првите 100 дена и се даваат на новата Влада да ги постави луѓето и да почне со работа. Но, се соочивме со деструктивна опозиција која секојдневно критикува, со право и без право. Воедно, отвори некои работи од минатото кои не ги затвори како што треба, како што се законот за јазици, балансерот, Бадентер,… Имаа доволно време, осум години, да ги решат, но не ги решија и сега злоупотребуваат и судска власт за дневна политика. За жал, ги инструментализираат за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност. Ова не е оправдување. Ние и покрај ова бевме секојдневно посветени на нашето ветување и програма, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Advertisements

Како што напомена Меџити, евроинтеграцискиот процес и условот што земјавата треба да го исполни за негово продолжување, беше, е и ќе остане еден од клучните приоритети на Владата. Тоа, рече, е единствената алтернатива за сите граѓани, а оваа власт има демократски капацитет и знае како да оди по овој пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button