ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Истражување на ЦГК: На тендерите често има корупција

Во постапката за јавни набавки во државните институции често има корупција, велат лицата задолжени за јавни набавки во институциите за спроведување на овие постапки. Таа е најприсутна како последица на политики интереси, но и во форма на поткуп. Поголем генератор на корупција се фирмите што се пријавуваат на тендерите отколку луѓето во институциите. Ова го покажуваат податоците од Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, објавен од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), што како истражување е спроведено во март 2024 година, а во кое учествуваат 154 лица за јавни набавки, од кои 60 отсто од институциите на национално ниво и 40 отсто од органи на локално ниво.

Advertisements

Покрај тоа; ЦКГ изготви и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по кои различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и  Анализа и база на податоци за јавните набавки на општините за 2023 година.

„Дека често има корупција при спроведување на јавните набавки се изјасниле 41 отсто од ние што учествуваат во овие постапки. Само два осто повеќе или 43 отсто сметаат дека ретко е присутна корупцијата. 14 отсто се изјасниле дека никогаш нема корупција, а два отсто дека корупција во јавните набавки има секогаш“, пишува во Извештајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button