СПОРТ
Пекинг, Алкараз ќе игра во полуфиналето против Медведев

Карлос Алкараз како втор тенисер во светот, славеше во четвртфиналето против Карен Качанов (7-5, 6-2) на турнирот во Пекинг. Шпанецот се намачи да дојде до првиот сет во кој клучниот брејк го направи во 11. гем, за потоа да го потврди уште со првата сет топка.
Во вториот сет беше далеку полесно за талентираниот тенисер, кој по 2-2 во гемови ги доби следните четири дела од играта со два брејка за потврда на местот меѓу четворицата најдобри.
Алкараз за место во финалето ќе ги одмери силите со Данил Медведев, кој претходно денеска лесно го совлада Италијанецот Флавио Коболи (6-2, 6-4).