ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Во кои бои да се облечете, според впечатокот што сакате да го оставите?

Боите имаат влијание врз нашите емоции, а ова можеме да го искористиме во наша полза.

Advertisements

Впечатокот што другите го добиваат за вас некогаш може да зависи и од бојата на вашата облека.

Па, во која боја да се облечете, според впечатокот што сакате да го оставите?

Луѓето во црна облека изгледаат интелигентно

Црната е боја на елеганција и софистицираност. Прави да изгледате сериозно, но истовремено и силно и интелигентно.

Луѓето во бела облека делуваат доверливо

Белата е боја што ја поврзуваме со чистота, добрина, искреност…

Па, луѓето во бела облека ни изгледаат добри и доверливи.

Облечете се во бело ако сте во околина со нови луѓе, ако презентирате некој проект или сте на состанок каде што сакате да ги споделите вашите идеи.

Сината боја покажува дека сте самоуверени

И сината боја има сличен ефект како белата, а обично ја поврзуваме и со самодоверба, ефикасност и смиреност.

Одлична е за важи состаноци, особено интервјуа за работа каде што треба да делувате самоуверено, но и доверливо.

Жолтата го подобрува расположението

Жолтата ја гледаме како „весела“ боја веројатно бидејќи ја поврзуваме со сонцето.

Ако сакате самите да си го подобрите расположението, но и луѓето околу вас да се чувствуваат пријатно, облечете жолта облека.

Но, не претерувајте, бидејќи ако сте во жолто „од глава до пети“ може да делувате нападно.

Виолетовата симболизира моќ

Ако сакате да оставите впечаток на моќна и харизматична личност, облечете виолетова облека.

Оваа боја е добра алтернатива на црната бидејќи има скоро ист ефект.

Црвената асоцира на самодоверба

Црвената е боја која секогаш привлекува внимание, па затоа ја поврзуваме со самодоверба.

Ако треба да изгледате самоуверено и да ги импресионирате другите, облечете црвено.

Црвената е одличен избор и за романтични состаноци.

Портокаловата поттикнува разговор

Портокаловата е боја на топлината и ентузијазмот, па го оживува опкружувањето.

Ако сакате да привлечете внимание, без разлика каде сте, тогаш облечете портокалова облека.

Но, слично како жолтата, и ова е боја со која треба да бидете умерени за да не делувате нападно.

Зелената симболизира среќа

Зелената е боја што ја поврзуваме со среќа и креативност, но и со пари и моќ.

Ако сте во сферата на бизнисот, оваа боја е идеална за кога сакате да склучите некоја зделка.

Или, носете зелена ако барате покачување на платата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button