СВЕТ
Велика Британија ја затвора својата последна електрана на јаглен

Велика Британија денеска ќе ја затвори последната електрана на јаглен во селото Ратклиф (Ратклиф-он-Соар) во близина на градот Нотингем по 57 години работа.
Денешното затворање на Ратклиф го означува крајот на една ера и работниците во индустријата за јаглен можат да се гордеат со својата работа која и служи на земјата повеќе од 140 години, рече британскиот секретар за енергетика Мајкл Шанкс.
На почетокот на 1980-тите, Велика Британија произведуваше 80 отсто од електричната енергија од јаглен, а овој удел падна на 40 отсто во 2012 година и постепено продолжи да се намалува поради скапите даноци за емисиите на јаглерод и зголемувањето на уделот на обновливите извори на енергија, пренесува Гардијан.