
УЕФА објави дека направила промена во судиската постава за натпреварот од Лигата на Шампионите меѓу ПСВ и Спортинг.
Сменет е четвртиот арбитар, италијанцот Фабио Мареска затоа што се најде во центарот на скандал и по итна постапка е тргнат од листата. Според Газета дело спорт, Мареска бил главен судија на натпревар од првенството на Кувајт и притоа на еден од играчите му се заканил со смрт, односно му рекол дека ќе го убие.
Фудбалерот јавно го објавил тоа, а скандалот дошол до УЕФА чиј член е Мареска, па тој повеќе нема да суди натпревари од Лигата на Шампионите. На спомнатиот меч, против ПСВ и Спортинг, него ќе го замени сонародникот Даниеле Довери. Натпреварот се игра вечерва од 21 часот, главен судија е Марко Гвида, а ќе му помагаат Чиро Карбоне и Џорџо Перети.