Судска седница за именувања на Мерко, Струшки училишта со незаконски директори
Судска седница за именувања на Мерко, Струшки училишта со незаконски директори

Во сите струшки училишта за кои се водат судски процеси, на незаконски начин се поставувале директори од страна на градоначалникот Мерко, ја бранеа и денес тезата јавните обвинители. На денешното судско рочиште, Кумриша Хани, секретар во училиштето во Велешта, како сведок рече дека поранешната в.д директорка, Егзона Шеи, пред да биде поставена на функција 3,5 години работела како наставник по француски јазик,но без се уште завршено обвразование.
„Бидејки немаше соодветен кадар ја примивме со средно образование. Кога стана в.д директор, потврдата дека има пет години работно искуство ја потпишав под притисок на Шеи. Но јас и моето семејство бевме под постојани притисоци. На двапати ја имам пријавувано во полиција, и во трудов инспекторат. Не ме оставаше да работам, не ми дозволуваше да распишам јавен оглас за вработување, ми го земаше и проверуваше мобилниот телефон“, рече Кумриша Хани-сведок.
Во ова училиште поради недостаток на кадар, имало и други случаи, на вработувања со средно образование.
„Констатиравме дека именуваното лице за в.д директор не ги исполнува условите не само за наставник, туку и за директор.Исто така и градоначалникот не постапил согласно законот, односно во рок од пет дена не донел одлука, училишниот одбор да објави оглас за избор на директор“, рече Виолета Џутеска-просветен инспектор.
Јавното обвинителство ја сомничи Шеи дека приложила 3 фалсификувани исправи кои ги користела за полагање стручен испит. Обивнителниот предлог против Мерко е поднесен и поради именување на в.д директорка во училиштето во Лабуништа, која не ги исполнува условите предвидени со Закон.
„Таа е именувана без искуство од 5 години и не била претходно вработена во училиштето.Таа е бидена на замена за три месеци во 2016 година како педагог, но во тој период таа се уште немала диплома“, рече Валнеса Бизати Биљали-обвинителка.
Слична е ситуацијата и во училиштето во село Подгорци.
„Истиот не ги има исполнето условите за да стане в,д директор. Треба 5 години да има работно искуство како наставник. Со ова се докажува дека е оштетено училиштето, бидејки истиот не требаше да биде в.д директор и да ги добие тие пари“, рече Џемал Лога-обвинител.
Адвокатот на Мерко посочи дека и денес се потврдила тезата на одбраната дека во случаите против неговиот клиент не постои кривична одговорност по ниту еден основ. На следното рочиште за сведок ќе биде повикан екс министерот за образование Јетон Шаќири./Алсат.мк
Мики Трајковски