ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Платформата за онлајн коцкање „2вин.мк“ ќе биде затворена согласно одлуката на Владата

Платформата за онлајн коцкање „2вин.мк“ ќе биде затворена согласно одлуката на Владата

Платформата за игри на среќа на интернет на државната видео-лотарија Казино Австрија, 2.win.мк ќе се затвори. Компанијата ги објави чекорите што ќе ги преземе за враќање на депозитите на граѓаните преку нивните банкарски сметки.

Advertisements

„Ве известуваме дека онлајн игрите на коцкање кои се во тек ќе продолжат се додека не се завршат и ќе се исплатат евентуалните добивки. Средствата од регистрираните онлајн сметки за коцкање ќе бидат целосно исплатени. По уплатите, платформата ќе биде достапна само за преглед на профилот и извршени плаќања“, велат од Државна видео лотарија казино Австрија.

Првиот вицепремиер Изет Меџити во интервју за Алсат рече дека по онлајн коцкањето сега на ред се дивите односно илегалните казина. За истите е формирана „работна група“, додека за незаконските лиценци за онлајн коцкањето, одговорноста ќе биде насочена кон функционерите од претходната Влада.

„Третата одлука во Владата има врска со организирање на казината на див начин. Во Владата има информации дека има многу казина кои не работат со концесии туку на незаконски и криминален начин, кои се проблем за регионот, не само за Македонија. И третата одлука на Владата е дека формиравме „таск форс“ на чело со Министерството за дигитализација и неколку дирекции кои им објавуваат војна на дивите казина“, рече Изет Меџити, вицепремиер.

По одлуката за доделување на незаконски лиценци и затворање на онлајн коцкарниците, неофицијално поднесени се најмалку 5 кривични пријави за „злоупотреба на службена должност“ и „организирање на криминална група“./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button