ВЕСТИСВЕТ

Франција ќе ги продолжи граничните контроли „колку што е потребно“

– Франција планира да ги продолжи проверките на своите граници за да ја спречи илегалната миграција „колку што е потребно“, изјави премиерот Мишел Барние.

Advertisements

Претставувајќи ја програмата на неговата нова администрација во Националното собрание, Долниот дом на земјата, Барние рече дека граничните контроли што треба да истечат месецов ќе бидат продолжени, истакнувајќи слични мерки воведени во Германија минатиот месец.

И покрај правилата на Шенген зоната кои гарантираат слобода на движење, Франција првпат ги воведе проверките на своите граници во 2015 година по нападите на исламистите, дозволувајќи и да ги врати мигрантите без право да влезат во земјата.

Шестмесечните мерки, наменети за заштита од тероризам, оттогаш беа постојано продолжувани, а неодамна и во врска со Олимписките игри.

Барние вети и засилување за Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, позната и како Фронтекс, со цел подобро следење на надворешните граници на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button