СПОРТФУДБАЛ

Левандовски, 10 гола за три клуба во Лигата на Шампионите

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски ја поведе Барселона кон убедлив триумф против Јанг Бојс со 5-0, а самиот учествуваше со два гола.

Advertisements

Со нив стигна до вкупно 96 во елитното натпреварување и многу веројатно до крајот на сезоната ќе ја пробие границата од 100 гола со што ќе им се придружи на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, како трет кому му успеало тоа. Освен ова, Левандовски се запиша во историјата на Лигата на Шампионите по уште еден параметар.

Тој стана само втор фудбалер во постоењето на елитното натпреварување кој постигна барем по 10 гола за три клуба. Претходно, тоа му успеа само на Роналдо кој погодуваше за Манчестер Јунајтед (16), Реал (105) и Јувентус (14).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button