Таравари: На ВЛЕН му требаат шест месеци за уставни измени

Арбен Таравари министер за здравство и претседател на Алијанса за Албанци, изрази надеж дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ. Рече дека надежта ја темели поради таквиот заеднички став во Владата.Доколку истото не успее, ВЛЕН нема да ја напушти Владата, туку ќе седне и ќе разговара како понатаму.
„О господине, 100 дена се уште не се завршени. Уште не поминале 100 дена. 100 дена не се шест месеци. Ова произлегува од средината на јануари или крајот на годината. Дајте ни простор затоа што знаеме како ќе ја продолжиме оваа работа и сигурни сме дека Македонија ќе ги започне преговорите. За себе зборува премиерот. Зборувам како коалиција ВЛЕН дека ќе инсистираме и ќе дадеме се од себе преговорите да почнат што поскоро“, рече Таравари.
Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена изјави дека има разлики меѓу коалициските партнери за уставните измени, но не коментираше дали има услов и ултиматум од ВЛЕН тие да се направат во рок од 6 месеци.
Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека е убеден дека уставните измени ќе се направат до крајот на годинава. Од друга страна, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, откри дека во Брисел е отворено прашањето за уставни измени со продолжена примена.
Алсат