СПОРТФУДБАЛ

Меси донесе победа, Интер Мајами прв пат шампион во Источната Конференција

Лионел Меси со два гола му донесе триумф на Интер Мајами во дуелот со Колумбос (3:2). Покрај Меси стрелец за Интер беше и неговиот долгогодишен соиграч од Барселона, Луис Суарез. Легендарниот аргентинец беше стрелец во 45. минута, а потоа и во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Advertisements

Во 46. минута Роси погоди за Колумбус и најави возбудливо второ полувреме. Не помина многу време и Интер повторно ја врати предноста од два гола. Стрелец беше Суарез. До крајот Колумбос намали преку Ернадез од пенал.

Меси регуларниот дел од сезоната го заврши со 17 голови и 17 асистенции. Интер Мајами, прв пат во историјата го освои првото место во Источната Конференција.

Во МЛС лигата од средината на октомври до 7. декември ќе се игра плеј-офот за шампионската титула.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button