ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Најава за невреме со грмежи и силен ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, во форма на невреме, грмежи и силен ветер е денешната временска прогноза, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, а ќе бидат проследени со ветер.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени“, велат синоптичарите.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд.
Во одредени делови на скопската котлина врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер.
„Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 28 степени“, информира УХМР.