ВЕСТИСВЕТ

Макрон: ЕУ може да умре, нашиот поранешен модел заврши

Според Макрон, 27-члениот блок заостанува зад Вашингтон и Пекинг, кои ја надминаа ЕУ по економско производство и инвестиции.

Advertisements

Тој предупреди дека Европската унија е во многу несигурна ситуација и може да се соочи со проблеми доколку не успее да го продлабочи својот единствен пазар и да ја реши „фрагментацијата“.

-ЕУ може да умре, ние сме на прагот на многу важен момент. Нашиот поранешен модел заврши – премногу регулираме, а премалку инвестираме. Во следните две до три години, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе бидеме надвор од пазарот, рече Макрон.

Францускиот претседател, исто така, предупреди дека ако ЕУ не успее итно да ги реформира регулативите, блокот ќе биде принуден да спроведе спасувачки план за пет до десет години.

Тој ги повика земјите-членки да извршат притисок за фер правила за глобална трговија, а исто така го повика Брисел да го финализира пакетот финансиски правила на банкарската унија, според Блумберг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button