Хаменеи: Иран „нема да отстапи“ додека Израел напаѓа во Бејрут

Во кратко обраќање во јавноста, врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хаменеи го одбрани ракетниот напад на Иран против Израел кој се случи неделава, велејќи дека тоа е „легитимно и легално“ и дека „ако е потребно“, Техеран ќе го повтори тоа.
Говорејќи на фарси и на арапски за време на петочната молитва во центарот на Техеран на 4 октомври, Хаменеи рече дека Иран и регионалните посредници што ги поддржува нема да се повлечат од Израел, бидејќи стравувањата од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток растат среде бранот повеќекратни масовни воздушни напади и копнеен упад на Израел во Либан.
Иран нема „да одолговлекува ниту да дејствува набрзина за да ја изврши својата должност“ во соочувањето со Израел, рече Хамнеи, додавајќи дека нападот од проектили истрелани кон Израел претходно неделава бил „легален и легитимен“.