ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Набрзо ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори за евроинтеграцијата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог.
– Мора и Венко Филипче нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред е, ќе го анализираме овој предлог на г. Филипче и бргу од денеска ќе дадеме конкретна позиција поврзана со овој негов предлог, изјави Мицкоски.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера го повика премиерот Мицкоски да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес.