
Специјализираната интернет-страница за трансфери „Трансфермаркт“ направи промена на цените на играчите според нивните последни успеси и постигнувања.
На врвот според вредноста, од репрезентативците на Македонија на прво место е Ељиф Елмас, кој се проценува на 20 милиони евра.
Зад него е Енис Барди од Трабзонспор, чија вредност падна на 6.000.000 евра, додека третото место му припаѓа на Столе Димитриевски со 4.000.000 евра. Четврти е Бојан Миовски од Џирона, исто така вреден 4.000.000 евра, а петти е Езџан Алиоски, проценет на 2,2 милиони евра. /Gol.mk/
ТОП 10 МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ
- Ељиф Елмас (РБ Лајпциг) – 20.000.000 евра
- Енис Барди (Трабзонспор) – 6.000.000 евра
- Столе Димитриевски (Валенсија) – 4.000.000 евра
- Бојан Миовски (Џирона) – 4.000.000 евра
- Езџан Алиоски (без клуб) – 2.200.000 евра
- Андреј Тодоровски (Спартак Суботица) – 1.500.000 евра
- Дарко Чурлинов (Јагјелонија) – 1.500.000 евра
- Ваљон Етеми (Истанбулспор) – 1.500.000 евра
- Стефан Ристовски (Динамо Загреб) – 1.200.000 евра
- Дарко Велковски (без клуб) – 1.200.000 евра