СПОРТФУДБАЛ

Летонија во напад со Икауниекс, кој му даде гол на Галатасарај

Летонија ќе биде првиот октомвриски предизвик за Македонија во Лигата на Hациите. Се работи за типично балтички тим, составен од домашни играчи, без ѕвезди кои се издвојуваат. Во составот на Летонија предводена од селекторот Паоло Николато, има осум интернационалци.

Advertisements

Нема звучни имиња, а главен играч е 23-годишниот Кристерс Тоберс кој игра во средниот ред и е член на швајцарски Грасхоперс, значи соиграч на Дориан Бабунски.

Главниот збор во нападот го има Јанис Икауниекс кој игра за летонски РФС, а во Лигата на Европа му даде гол на турски Галатасарај во ремито (2-2) пред овој натпревар со Македонија.

Натпреварот меѓу Летонија и Македонија се игра во Рига на 10 октомври, а три дена подоцна нашиот национален тим патува кај Ерменија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button