ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рускиот амбасадор на средба со пратеници од Левица во Собранието

Рускиот амбасадор на средба со пратеници од Левица во Собранието

Амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Бездникин, влезе во Собранието и оствари средба со двајцата пратеници од партијата Левица Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил.

Advertisements

Во известувањето на пратениците се наведени и причините поради кои се сретнале.

„Од нашите пратеници беше истакнато дека Левица е посветена на отворена соработка со сите големи сили кои се членки на Советот за безбедност, вклучително и Русија. Оценуваме дека развојот на односите со Русија е од особено значење за Македонија бидејќи оваа земја нуди големи економски и трговски можности како и културна размена. Македонскиот народ не се согласува со политиките на Владата за санкции кон Русија. Од наша страна беше истакнато дека санкциите на нашата земја под притисок на НАТО и ЕУ се неразумни и спротивни на интересите на двете земји“, велат од Левица.

Средбата со  амбасадорот кој ја прогласи Македонија за непријателска земја не му пречи на првиот човек на Собранието, Африм Гаши. Од неговиот кабинет го цитираа членот 23 од Законот за пратеници со кој се гарантираат правата на законодавецот, со образложение дека барањето за средба било од пратениците на Левица.

„Кабинетот на претседателот на Собранието не е вклучен во подготовката на средбите со пратениците, а бидејќи во овој случај се работи за средба на барање на двајца пратеници, ве упатуваме таму за вашите прашања“, велат од Кабинет на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Според информациите на Алсат, од денот кога Собранието ја усвои изјавата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот суверенитет и интегритет на Украина на 3 март 2022 година, Собранието одлучи делегацијата на Руската амбасада  да не биде вклучено воактивностите организирани од Собранието. И во неофицијални околности дознаваме дека најмалку двапати поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери ги отфрлил обидите на главниот руски дипломат во земјава Сергеј Бездникин да одржува средби во просториите на законодавниот дом во Скопје.

Првиот вицепремиер Изет Меџити не знаел  дека има средба во Собранието. Тој +се осврна само на средбата на 27 септември, на која градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во својот кабинет го пречека рускиот амбасадор Сергеј Бездникин.

„Средбата беше на локално ниво и за ова треба да го прашате градоначалникот на општината. Тие не се владини политики или состаноци на ниво на Влада. Ако се такви, ние би реагирале. Во овој случај советниците треба да го кажат својот став“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.

Европскиот фронт оваа посета и активност на рускиот амбасадор во земјава ја оцени како потег со кој земјата отстапува од стратешките партнери.

„Тоа јасно го покажува отстапувањето на нашето партнерство со нашите стратешки партнери .Сето ова предизвикува загриженост кај граѓаните, јавноста, но и кај нашите стратешки партнери“, изјави Блерим Беџети, пратеник на Европскиот фронт./Алсат.мк

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button