МНР: Без коментар за ангажманот на рускиот амбасадор
МНР: Без коментар за ангажманот на рускиот амбасадор

Од МНР не одговораат за зголемените активности на рускиот амбасадор. Алсат испрати прашања, дали имаат коментар за последните средби на рускиот амбасадор во важни институции, како што е случајот денеска во Собранието, со оглед на фактот дека Русија ја прогласи Македонија за непријателска земја.
-Како МНР гледа на средбите што рускиот амбасадор ги остварува со политички претставници во значајни институции во земјава, како што е денешната средба во Собранието?
– Имајќи предвид дека пред кратко време Русија ја прогласи земјата за непријателска, дали може да се очекува некаква одлука?
Рускиот амбасадор пред неколку дена беше пречекан и од првиот човек на општина Куманово, Максим Димитриевски, владин партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во својство на прв човек на ЗНАМ. Димитриевски на средбата со рускиот амбасадор најавува настава по руски јазик во кумановските училишта.
„На средбата разговаравме за поактуелни теми со акцент на наставата по руски јазик во основните и средните училишта во Куманово.
По оваа средба имаше многу реакции на социјалните мрежи, но не и од експонентите на власта./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши