ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари не даде гаранции за вработување на здравствените работници

Таравари не даде гаранции за вработување на здравствените работници

Министерот за здравство, Таравари не даде целосни гаранции како ќе се решава статусот на вработените во јавните здравствени установи. За 2.500-те вработени со склучени договори, рече дека има идеја барем половина од нив да можат да добиваат решение за трајно работно место, но сепак, нагласи дека се уште не го отворил ова прашање со Министерството за финансии. Таравари призна дека во секоја здравствена установа има недостиг од медицински персонал, особено медицински сестри, техничари и хигиенски работници, но вработувањата ќе се вршат врз основа на договорот со Министерството за финансии.

Advertisements

„Ние како Влада треба да имаме договор со Министерството за финансии, да видиме дали има средства, јас сум за идејата 1200, барем половина или 1250 да земат решение годинава. Оние за кои ќе  кажат директорите, бидејќи тие најдобро знаат кои се со договори, на кој вреди да му се продолжи, а на кој не“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Таравари не кажа ништо за разрешувањата на вработените Албанци во јавните здравствени установи. Но, призна дека има притисок врз вработените Албанци и Македонци во клиниката Козле.

„Имаше и група лекари, не само Албанци, Македонци и Албанци кои дојдоа, главно Македонци кои дојдоа и изразија одредена загриженост за однесувањето на директорот, но без дефинитивен наод да не се преземаат мерки веднаш„, додаде Арбен Таравари, министер за здравство.

За проблемот со паркинзите на клиниката „Мајка Тереза“, Таравари рече дека јавно-приватно партнерство е во тек и се надева дека договорот ќе биде готов до почетокот на следната година.

„Не можеме да ги забрзаме постапките, мора да се придржуваме до сите законски норми, ќе се обидеме да го направиме овој процес транспарентен и што поскоро да ја завршиме оваа постапка, барем ако може на почетокот на следната година да се користат катните гаражи. Не ме држете за збор бидејќи процедурата за оглас, знаете дека трае 30-40 дена и не можеме да направиме да трае 10 дена“, нагласи тој.

Што се однесува до родилката која пред една недела почина на клиниката за гинекологија во Куманово, министерот за здравство рече дека причините за смртта ќе се знаат следната недела, а формирана е комисија која треба да утврди дали има лекарска грешка или не./Алсат.мк

Линда Ебиби

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button