ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски со порака до Ахмети: Исчисти ги криминалците од своите редови

Мицкоски со порака до Ахмети: Исчисти ги криминалците од своите редови

Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, а ние во тоа ќе ти помогнеме, му порача на Али Ахмети, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христина Мицоски од 33 годишната конференција на Унијата на млади сили, која денес се одржа во Охрид. Тој го праша јавно Ахмети, дали гледа колку Албанци дневно се иселуваат и оти во неговиот роден Зајас, куќите останале празни. За 20 години како што рече, повеќе од 100 илјади Албанци се иселиле од држававт.

Advertisements

„Дајте придонесете со проекти, предлози и јас ви ветувам се што значи прогрес и развој на земјата ќе прифатиме. Не е добро секогаш кога ќе бидете опозиција да почнувате етнички теми, а кога ќе сте власт, тогаш да станувате зелена партија. Покажа визионерство за некои работи, но треба да покаже и визионерство преку проекти, идеи, натпревар на визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа. А за тоа што го правеа има институт кој се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури“, рече Христијан Мицксоски-премиер.

На опозицијата и порача да ги надминат поделбите, и наместо како што рече, да го дели народот, треба да се обединиме преку дебата за проекти и идеи. Со издвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување е направена лоша услуга на сите скептици и сили кои не веруваат во ЕУ., рече Мицкоски, кој порача дека членството на Македонија во ЕУ е нивни стратешки приоритет, а ЕУ во континуитет со вакви потези покажала неправедност кон земјата.

„Иако движењето на Албанија и издвојувањето не значи и нејзино брзо членство во Унијата, нас тоа не ни е прв пат. Бевме во иста група со Бугарија и Романија, потоа со Хрватска, па со Србија и Црна Гора на крај и со Албанија. Јас сум убеден дека ќе се сретнеме пак на тој пак. Мора членството во Унијата да е живо, процесот да е жив и ние ќе нудиме предлози и решенија за надминување на оваа статус кво ситуација. Сакам да потенцирам дека преку разни институционални канали ќе се обратам и ќе работам со Европската комисија и со нашите партнери за изнаоѓање на решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси, а диктати да биде јасно не прифаќам“, додаде Христијан Мицксоски-премиер.

За овој процес потребно е и разбирање од Унијата. Во овој процес рече Мицкоски планираат да ја вклучат и опозицијата, кога ќе дојде време за тоа.

„Нема да ветуваме работи кои се неостварливи, но и нема да пропуштиме да ја консултираме опозицијата и да побараме поддршка за нашите напори. Сепак целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја обзнанам и потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање на решение“, нагласи Христијан Мицксоски-премиер.

Стравувања дека ова ќе стане заробена држава се беспредметни и дело на внатрешна дневно политичка динамика, порача Мицкоски во своето обраќање пред унијата на млади сили./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button