ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Потпишан меморандум за соработка во енергетиката помеѓу Македонија и Србија

Македонски и српски владини претставници денеска во Скопје потпишаа меморандум за соработка во делот на енергетиката, рударството и минералните суровини. Како што појасни премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес конференција со неговиот српски колега, Милош Вучевиќ, дел од приоритетите на двете влади во престојниот период ќе бидат изградба на гасен интер-конектор од Грција преку Македонија до Србија и централна Европа, како и реализација на Коридорот 10, односно брза пруга од Скопје кон Србија и кон Грција.

Advertisements

„Ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со нашиот јужен сосед, а со тоа ќе обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа“, рече Мицкоски.

Двајцата премиери разговарале и за брзата пруга од Коридорот 10, која претставува стратешки приоритет како и Коридорот 8.

-За нас е важна одлуката на македонската Влада за Коридорот 10, како стратешки правец за железничкиот транспорт, што е единствена прилика заедно со европските партнери да се поврземе од Виена до Атина, полесно ќе се поврземе со грчките пристаништа. Ова е природен пат меѓу Азија до Европа, а патот ќе оди преку Македонија и Србија, што ќе обезбеди подобар карго и патнички транспорт – рече српскиот премиер Вучевиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button