СВЕТ

Борел: Војната во Украина би завршила за 15 дена кога западните сојузници би престанале да го поддржуваат Киев

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека војната во Украина би завршила за 15 дена кога западните сојузници би престанале да го поддржуваат Киев.

Advertisements

– Многу луѓе сакаат војната да заврши што е можно поскоро. За почеток, самите Украинци. Но, важно е како. Ако престанеме да ја поддржуваме Украина, за 15 дена војната ќе заврши и (рускиот претседател Владимир) Путин ќе ги постигне неговите цели, но дали тоа е она што го сакаме за Украинците и за безбедноста на нас Европејците? изјави Борел во интервју за шпанскиот весник „20 минути“ (20 minutos).

Тој повтори дека сојузниците мора да направат сè што е во нивна моќ за, кога ќе дојде време за преговори со Русија, Украина да ги води „под услови кои се поволни за суверенитетот и територијалниот интегритет“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button