ДУИ: Пратеничката група е стабилна и Тачи е дел од оваа група
ДУИ: Пратеничката група е стабилна и Тачи е дел од оваа група

Во моментов Европскиот фронт е компактен и работи во полн состав, изјави пратеникот Блерим Беџети. Иако во јавноста се вели дека се очекува лидерот на ДПА Мендух Тачи да влезе во парламентарното мнозинство и да стане дел од извршната власт, тоа не го потврдуваат од Европскиот фронт.
Шефот на Движењето Беса, дел од коалицијата ВЛЕН, Билал Касами не верува дека Тачи може да влезе во Влада.
„Постапките на господинот Тачи треба да ги коментира самиот тој. Немам коментар.
Ако стане дел од Владата, ќе продолжите да останете таму?
Немам коментар и не верувам дека ќе биде дел од Владата„, рече Билал Касами – ВЛЕН.
Првите сомнежи за заминувањето на Тачи од Европскиот фронт беа изнесени на денот кога оваа коалиција одржа конференција за 100-те дена на Владата. Тачи отсуствуваше на оваа средба. Неговата партија не даде никакво објаснување за неговото отсуство. Но Тачи не беше единствениот кој отсуствуваше на тој настан. Отсуствуваа и Бејџан Иљас од ТДП и Фатима Османовска од Сојузот на Ромите. Османовска, за Алсат, соопшти дека односите со Европскиот фронт се такви какви што беа на почетокот. Отсуството на конференцијата е оправдано со други активности на партијата.
Првиот вицепремиер Изет Меџити ден претходно изјави дека лично со Тачи не разговарал за влез во Владата, туку дека овие најави се првите знаци за дестабилизација на Фронтот и тоа го нарече почеток на нивниот крај. Заминувањето на Тачи од коалицијата би го намалило бројот на пратеници на Европскиот фронт на 17./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу