ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на зградата во Чаир, чиј подрум беше зафатен од пожар, сакаат да се вратат во своите станови

Жителите на зградата во Чаир, чиј подрум беше зафатен од пожар, сакаат да се вратат во своите станови

Жителите на зградата чиј подрум беше зафатен од пожар во Чаир и денеска беа пред влезот на зградата и чекаа одговор кога ќе можат да влезат во своите станови. Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се сретна со жителите.

Advertisements

„Има ли некаква можност од вас, да добиеме барем нешто затоа што останавме без ништо, ги немам ни клучевите од колата, на шатор сум и морам да направам терапии, не можам да ги правам“, рече еден граѓанин.

Според Ганиу, претходно е дадена дозвола жителите на оваа зграда да ги земат вредните предмети што се оставени внатре, додека се чека конечниот извештај за целосно враќање во домовите.

„Вчера и завчера екипи на стручни лица од сеизмолошкиот институт излегоа и открија и дадоа дозвола жителите да можат да земат вредни предмети или документи под полициска придружба и исто така треба да добиваат информации за во иднина затоа што досега имаме само прелиминарен извештај кој е направен од институт, додека ни треба друго вештачење од МВР, форензичарите со нивните екипи да ја идентификуваат причината зошто е дојдено до ова, а потоа чекаме да се соберат сите институции и да излезат со конечен извештај. Кога жителите ќе можат да се вратат во своите домови? Секогаш се повикувам на тоа што ќе го слушнам од тие вештаци и ако денеска излезе вештачењето, за три-четири дена ќе имаме конечен извештај“, нагласи Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаир.

Во оваа зграда живеат околу 600 жители, додека по избувнувањето на пожарот во подрумот на зградата, жителите со помош на пожарникари се евакуирани и сега се сместени во домовите на членовите на нивните семејства но и во хотели. Се уште не се познати причините за пожарот./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button