СПОРТФУДБАЛ

Манев: Максимален пристап во Летонија, потоа мислиме за Ерменија

Фудбалската репрезентација на Македонија е пред два нови предизвици во Лигата на Hации. Следни противници на нашите фудбалери се селекциите на Летонија и Ерменија. Двата натпревари ги играме на гостински терен.

Advertisements

Јован Манев изјави дека никого не потценуваат и веруваат дека во Летонија ќе освојат три бода, а потоа ќе се насочат кон натпреварот со Ерменија.

„Од натпревар во натпревар има разлика. Ние никогаш не потценуваме никого, затоа што во фудбалот не постојат фаворити. Ќе пристапиме максимално во Летонија и ќе ги освоиме трите бода, а потоа сите мисли ќе ги насочиме кон Ерменија“, рече Манев.

Maкедонскиот стопер моментално е член на Адана во Турција, за која пред нешто повеќе од еден месец го постигна првиот гол.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button