ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лицето кое го запали подрумот во Општина Тетово е приведено

Лицето кое го запали подрумот во Општина Тетово е приведено

Осомничениот за подметнување пожар во подрумски простории на зградата на Општина Тетово е уапсен. Станува збор за државјанин на Косово, кој подолго време ги посетува Скопје и Тетово. Телевизијата Алсат обезбеди ексклузивни снимки од чинот на палење. Лицето со иницијали Б.Р е на возраст од 38 години и бил облечен во сини фармерки, црн дуксер и црна маица.

Advertisements

Според нашите извори, истиот кривично ќе одговара за „предизвикување општа опасност“ за што му се заканува затворска казна до 5 години. Не се исклучува можноста по проширувањето на истрагите и докажувањето на мотивот, делото да биде преквалификувано од страна на обвинителството. Полицијата во текот на денот соопшти дека на местото зафатено од пожар се врши увид за докажување на причинетата штета.
„Увидот на местото на настанот продолжува, истиот е се уште оштетен за да може целосно да се расветли случајот„, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Неговото криминално досие докажува дека осомничениот и претходно правел слични кривични дела. Во последните два случаи тој запалил куќа и уште една ненаселена куќа во која се сомневаат дека ја користел за живеење без дозвола од сопственикот. Истото лице е осомничено дури и дека запалило неколку автомобили на паркинг во Тетово./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button