ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре Уставниот суд ќе одлучува за судбината на Балансерот

Утре Уставниот суд ќе одлучува за судбината на Балансерот

Инструментот кој има за цел да ја балансира застапеноста на етничките заедници во администрацијата утре е пред Уставен суд. Судиите ќе донесат одлука за „Балансерот“, кој е суспендиран од 18 септември. Случајот за инструментот, е формиран по иницијативата на поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, во јануари годинава. Според Антикорупциска, законските одредби врз основа на кои работи Балансерот предизвикале пренатрупаност на институциите и администрацијата. На слична линија е и ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека етничката припадност повеќе нема да биде критериум за вработување. Според оваа партија при вработувањето прво ќе се почитуваат личните квалитети, професионалноста и компетентноста.

Advertisements

Решението, според владејачката коалиција ВЛЕН, е да се замени инструментот со закон, со кој би се спречила етничка дискриминација при вработување и на тој начин да се избегне враќање на времето пред 2001 година кога процентот на Албанци во државата пренизок. Македонските судии се усогласени со македонските партии, како што се и албанските судии со албанските партии. Но, во овој случај, при конечната одлука, Македонците можат да ги надгласаат Албанците, бидејќи Уставот не предвидува бадентер или двојно гласање./Алсат.мк
Суад Бајрами

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button