Филипче: Премиерот има обврска да соопшти кој е планот за евроинтеграциите

Секојдневно покажуваме конструктивност по прашањето на продолжување на евроинтегративниот пат на државата. За жал, не гледаме одговор од премиерот Христијан Мицкоски во таа насока. Ова денеска го рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, коментирајќи ги случувањата на процесот на евроинтеграциите на државата, како и барањето што пред неколку дена го упати кон премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена собраниска седница за следните чекори на процесот.
„Нашата идеја и иницијатива за собраниска седница е поради тоа што Собранието е местото каде се носат таквите одлуки. Потоа, многу најави има премиерот за некаква поддршка од некои држави за менување на преговарачката рамка, нешто што наводно би ја подобрило нашата положба во процесот на евроинтеграциите. Но, сето тоа е некако обвиено со мисерија и не знаеме никакви детали“, рече тој.