Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“

Инструментот кој досега ја балансираше етничката застапеност во државните институции денес беше укинат од уставните судии кои гласаа тајно, додека судијата Насер Ајдари беше отсутен. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека е манипулација да се каже дека со укинувањето на Балансерот, судот ги ускратил правата на заедниците.
Костадиновски рече дека доколку Собранието во иднина предвиди ново законско решение, треба да се придржува до одлуката на Уставниот суд. Имено, ниту еден граѓанин не може да биде присилен со закон да се изјасни за етничката припадност при вработувањето, додека институциите нема да можат да собираат податоци за етничката застапеност. На прашањето на Алсат дали е коинциденција што одлуката за укинување на балансерот е идентична со ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ, Костадиновски рече дека не го интересира било каква најава од партија бидејќи како што истакна, иницијативата дошла од страна на Антикорупциска, додека ВМРО била во опозиција.
Сличност помеѓу денешната одлука на уставен и Владината програма на владеачката ВМРО ДПМНЕ за укинување на балансерот постои, но за волја на вистината, Костадиновски денеска го спомна и она што Мицкоски јавно го изјави, а тоа е дека препораката на Европската комисија е да се укине инструментот.
Суад Бајрами