МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Дигитализацијата во високото образование е малку задоцнета, но ќе биде приоритет во иднина

Дигитализацијата во високото образование за жал е малку задоцнета. Но, ќе биде приоритет во иднина, со цел подобри услуги за студентите и осовременување на предавањата. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Advertisements

– Владата формира и Министерство за дигитална трансформација, бидејќи тоа е еден од приоритетите. Сите студенти ќе добијат ваучери за да им се овозможи пристап до новата технологија. Ваквите состаноци се исклучително корисни и Министерството ќе биде партнер на оние, кои сакаат да се вклучат во позитивните промени на државата, подвлече министерката.

На новинарско прашање, таа одговори дека различно се дигитализирани универзитетите, но, различни се и состојбите по факултети. Цел ќе биде, нагласи таа, тоа да се унифицира.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button