Скрининг процесот на ЕК со сериозни забелешки за судството

Скрининг процесот на Европската комисија имаше сериозни забелеши за нашето судство– неконзистентна примена на законите, значителни одложувања на судските постапки, а нашиот систем е оценет не само како бавен туку и корумпиран, додека политичкото влијание продолжува да ја поткопува независноста на судовите, порача денеска минситерот за правда Игор Филков. Зборувајќи на конференцијата за тоа колку се имплементирани препораките за реформите во судскиот совет дадени од оценската мисија на ЕУ минатата година, Филков истакна дека реформи во советот се неопходни, додавајќи дека Министерството за правда веќе ги идентификувало трите клучни точки каде треба најбргу да се реагира.
“Веќе од наредниот месец започнуваме со јавни дебати за законот за судскиот совет. Дебати кои ќе бидат експертски и за кои сум сигурен дека ќе вродат со плод, особено во деловите од законскиот текст кои се однесуваат на дисциплинската постапка, псотапката по жалба, изборот и разрешувањето. Овие три аспекти ги увидовме како клучни за самиот почеток за да можеме да одиме понатаму – со чекорите кон враќањето на враќањето на довербата во правосудсниот систем“, рече Филков.
Татјана Чачарова Илиевска како член од судскиот совет истакна дека изборниот процес во земјава бил пречка да се спроведат сите препораки дадени од Оценската мисија за работата на советот, но нагласи дека голем дел од нив се веќе имплементирани.
“Преку два инструменти што ги користиме како судски совет за спроведување на препораките успеавме да ги реализираме скоро сите препораки, единствено се закочивме таму каде што имаше законски пречки да се продолжи со работата“, рече Чачарова.
Оценската мисија на Европската Унија минатата година во декември оцени дека токму судскиот совет како една од најважните институции која треба да ја гарантира независноста и објективноста го загубила кредибилитетот и препорача спроведување на 17 итни мерки за надминување на оваа состојба.
По речиси една година од тогаш, иако од советот тврдат дека речиси две третини од мерките се спроведени сепак ова тело и натаму е мета на критики, поради што новата власт дури побара и негово распуштање и оставки на сите членови. Премиерот Мицкоски најави дека токму во наредниот период ќе следуваат сериозни реформи во судството, кои ќе го опфатат и судскиот совет.
Михаило Донев