ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Труење со храна најверојатна причина за смрт кај мајката и ќерката од Слатино

Мајка и ќерка кои пред неколку дена беа пронајдени мртви во нивниот дом во село Слатино се сомничи дека се затруле од претходно подготвена храна. Ова е констатирано од страна на форензичарите во првичниот извештај од истрагата, според кој кај двете жртви нема траги на насилство. Извештајот ќе биде доставен до Скопје за да се утврди начинот на труењето.

Advertisements

„Прелиминарните податоци од обдукцијата покажуваат дека можна причина за смртта на две лица е труење. Од телата на настраданите земени се мостри за понатамошна токсиколошка анализа за да се утврди причината за труењето. Кај жртвите не се пронајдени траги на насилство“, наведоа од Јавното обвинителство.

Еден ден по настанот, жителите на Слатино велат дека се шокирани од трагедијата, наведувајќи дека се работи за семејство кое живеело во тешки економски услови и со социјална помош.

„Беа тивки луѓе, тука сме соседи долги години. Никогаш не сме имале проблем. Работеа со земјиште. Имаат две деца“…

„Не можам да зборувам ништо. Беше многу тешко, не можам да кажам ништо. Не спиев цела ноќ. Не сум при себе“, рекоа жителите на Слатино.

Директорот на училиштето во село Слатино потврди дека едно од децата кое било ученик во тоа училиште отсуствувал два дена.

„Имаме информации дека ученикот отсуствувал во понеделникот. Не пред тоа. Отсуствувал во понеделникот, но кога во вторник презедовме чекори за да дознаеме зошто е исчезнат, дознавме за трагедијата“, рече Енвер Исмани, директор на училиштето во Слатино.

Градоначалникот на општина Теарце, изјави дека ќе му пружат помош на семејството.

„Блиску сме до семејството да ги утешиме и да изразиме институционална подготвеност да им помогнеме на нивните барања. Ќе застанеме покрај нив да ја споделиме оваа болка“, рече Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.

Домаќинот Шасивари беше пуштен од полиција по што му беше дозволено да присуствува на погребот на членовите на неговото семејство. Во меѓувреме, неговиот 9-годишен син е задржан во Заводот за социјална работа. Трагедијата во семејството Шасивари беше пријавена пред неколку денови кога 36-годишната сопруга и малата ќерка биле пронајдени без знаци за живот во нивната куќа.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button