МАКЕДОНИЈА

Јаневска го потврди извештајот на ДПИ за сите прекршоци и неправилности во Тетовскиот Универзитет

Министерката за образование Весна Јаневска потврди дека се констатирани одредени неправилности во работата на тетовскиот универзитет. Овие изјави Јаневска ги темели на вонредниот инспекциски извештај на Државниот просветен инспекторат, во кој се констатирани неправилности, за што Државниот просветен инспекторат најавува мерки согласно законот.

Advertisements

Бленди Ходаи од Форумот за промени во образованието во синоќешното интервју за Алсат откри детали од извештајот поврзан со изборот на ректор.

„Кои се прекршувањата, првото е дека трендот за кој веќе зборувавме на незаконски унапредувања со просечна стапка помала од 8.00, вториот е за хаотичната ситуација што се случи во раководството на УТ од 2021 година кога тогашниот ректор, Вулнет Амети, сега претседател на Сенатот, го заврши вториот ректорски мандат, не распиша оглас за редовните избори за ректор и се избра себеси за в.д. а потоа еден друг професор, Куштрим Амети, од извештајот од инспекцискиот надзор се вели дека УТ иако има донесено решенија, 5 месеци и 9 денало нема ректор во раководството на овој универзитет. Во исто време е откриено дека актуелниот што го избрале, еден од актуелните, Куштрим Амети, е лице кое не ги исполнувало условите и немало звање редовен професор“, рече Ходаи.

Форумот за промени во образованието, врз основа на извештајот на Инспекторатот, ја пријави професорката Мустафаи дека била незаконски унапредена. За овој случај од Тетовскиот универзитет соопштија дека во тек е постапката за престанок на работниот на Мустафаи, а укинато е и нејзиното академско звање.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button