МАКЕДОНИЈА

Кадриу против одлуката на Уставниот за укинување на балансерот

Уставниот судија Осман Кадриу се противи на одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот. Според него, одлуката е очигледно неуставна, бидејќи правичната и соодветна застапеност е уставна категорија и не може да се укине.

Advertisements

Според него, не држат оправдувањата на претседателот на Уставниот суд, дека правата и слободите на граѓаните се прекршени со балансерот во однос на декларирањето, додавајќи дека дискриминацијата е направена врз основа на еднаквост, бидејќи во конкурс не сите заедници биле еднакви за да конкурираат.

Кадриу изрази сомнеж дека има политички притисок Уставниот суд да го укине балансерот, или инструментот кој гарантира правична застапеност на етничките заедници во јавната администрација.

По денешната одлука, Уставниот судија Кадриу ги објаснува законските процедури за тоа како може да се реши случајот со застапеноста. Тој вели дека новиот закон за правична застапеност мора да предвидува вклучување на етничките заедници, бидејќи неможе да ја избегне уставната категорија.

Трајното решение, според Кадриу, треба да биде уредено со уставни амандмани, односно одлуките во Уставниот суд треба да бидат донесени со Бадентер за да не може Албанците да бидат надгласувани.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button