
Без слободна и мирна Украина, нема слободна и мирна Европа, се вели во заклучокот од завршната декларација на самитот Украина-Југоисточна Европа, што се одржа во Дубровник, Хрватска.
Во документот се осудува руската инвазија и се потврдува поддршката за Украина, нејзиниот територијален интегритет, европските интеграции и членството на земјата во НАТО.
„Најостро ја осудуваме оваа неиспровоцирана, неоправдана и незаконска руска освојувачка војна против Украина, злосторство против украинскиот народ, јасно кршење на меѓународното право и голема закана за мирот и безбедноста на Југоисточна Европа, целиот европски континент и светот“, се наведува во декларацијата.
Главната цел на средбата, која заеднички ја организираа украинскиот претседател Володимир Зеленски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, беше да се покаже поддршката на земјите од регионот за Украина.