ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Димитриеска – Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес – конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави дека останува на својот став против замрзнувањето на маржите бидејќи, како што рече, мерката не носела резултат.

Advertisements

„Никогаш не можам да се согласам со таква мерка замрзнување на цени, маржи затоа што се комплетно сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет којшто може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така“, рече министерката Димитриеска Кочовска на новинарско прашање за нејзиниот став како министер за финансии за мерката за замрзнување на маржите.

Таа подвелече дека го поддржува Законот за нефер трговски практики затоа што смета дека тоа повеќе ќе го регулира пазарот отколку замрзнувањето на маржите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button