
Ураганот Милтон на Флорида пристигна околу 2 часот по полноќ по локално време, со ветрови од 200 километри на час. Најмногу е погоден округот Сент Луси на Атлантикот на Флорида, каде што има најмалку двајца загинати, пренесува Еј-би-си њуз.
Според шерифот на овој округ Кит Пирсон, повеќе од 100 станбени објекти се уништени, а повеќе од еден милион домови на Флорида останаа без струја.
Повеќе од 100 илјади лица се сместени во центрите за евакуација низ Флорида, каде што има капацитет на сместување на околу 220 илјади легла.
Екстремни дождови паднаа во областа Тампа, каде што се закануваат катастрофални поплави, а ситуацијата во Неапол и Форт Мајерс е лоша.
Властите во Флорида рекоа дека е предоцна за евакуација и ги упатија луѓето во засолништа.
Според последните информации од американскиот Национален центар за урагани, издадени се повеќе од 120 предупредувања во областа на Флорида.
More Port Salerno tornado damage in Martin County pic.twitter.com/LuewAlj9UO
— Yianni Kourakis (@WPBF_Yianni) October 9, 2024
Видеата и снимките од последиците на ураганот, како што пренесуваат американските медиуми, изгледаат застрашувачки.