
Македонија денеска го игра третиот меч во Лигата на нации, втор на гостински терен во овој циклус и тоа против Летонија во Рига.
Средбата започнува од 18 часот, а пред истата селекторот Благоја Милевски остана без еден играч кој го сметаше за сигурен стартер-тоа е Бојан Димоски.
Фудбалерот на Акрон има здравствени проблеми, вирус поради што утрово примил инфузија. Тој сега се чувствува подобро, ама нема да се најде во почетната единаесетка што значи дека Милевски ќе мора да бара решение.
Ако се знае дека поради суспензии „избришани“ се Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, ова значи дека сме едноставно „тенки“ во дефанзивната линија.