СПОРТФУДБАЛ

Милевски со една дилема, кој ќе игра на позицијата на Бојан Димоски

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, се соочува со уште еден проблем пред почетокот на натпреварот против Летонија во Лигата на Нации.

Advertisements

Иако Бојан Димоски беше најавен во првиот состав, сепак нема да може да истрча на теренот од првата минута поради вирусна настинка.

Членот на рускиот Акрон Тољати денес примаше инфузија и се чувствува подобро, но нема да може да го започне натпреварот во Рига.

Останува да видиме кој ќе го заземе неговото место, а конечната одлука ќе ја донесе селекторот Милевски пред почетокот на натпреварот. Македонија е првопласирана во својата група и вечерва е фаворит на гостувањето кај селекцијата на Летонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button