Зибери: Одлуката е законска, образложението е целосно политичко

„Одлуката е законска, образложението е целосно политичко“.
Вака Народниот правобранител Насер Зибери ја оценува вчерашната одлука на Уставниот суд со која се укина балансерот, односно инструментот што служеше за правичната застапеност на заедниците во јавната администрација, а за кој Народниот правобранител е обврзан со Уставот да ја следи реализацијата на застапеноста на заедниците.
„За жал, органот и институцијата што треба да го штитат уставниот поредок, вчера сериозно го нарушија уставниот поредок. Ги наруши темелните вредности на уставниот поредок, кршејќи ги и трите темелни вредности на уставниот поредок, слободата и правото да се изјасни за сопствена националност, сериозно го повреди правото на правична и соодветна застапеност и ги повреди основните права загарантирани со Устав. и признати со меѓународното право“, рече Зибери.
Според Зибери, решението за оваа ситуација ќе биде многу тешко, особено што во одлуката се дадени насоки дека секое законско решение мора да се придржува до вчерашната одлука, со која се предвидува при вработувања да не е важна припадноста на кандидатите .
„Ова е невозможно. Доколку во новиот законски проект не се потенцира дека при вработувањето ќе се води сметка за етничката застапеност, нема инструмент што може да го оствари ова право. Право, што е загарантирано со Уставот на Северна Македонија“, додаде Зибери.
Зибери, нагласува дека е потребна сериозна активност на сите политички фактори, и албански и македонски, за да се најде поширок консензус за да може оваа работа да се санира, во спротивно последиците ќе бидат многу штетни за сите немнозински заедници.
„Одлуката што ја кажав ќе остави непоправливи последици и ќе биде многу сериозен предизвик за законодавецот да ја санира создадената состојба. Но, целата оваа ситуација не е безнадежна бидејќи со изготвување и составување на закон кој ќе се однесува на овие вредности на уставниот поредок гарантирани со Охридскиот договор и Уставот на државата, дефинитивно ќе може да се најде инструмент кој ќе водат кон примена и имплементација на овие уставни одредби“, вели Зибери.
Суад Бајрами