ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комисијата за антидискриминација наскоро со коментар за балансерот

Одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот, од една и тактизирањето да се одложи седницата за преиспитување на одредбите од законот за јазиците со образложение  дека ситуацијата е чувствителноста, од друга страна ја подгрева дебата меѓу политичките партии и експертите со денови, за одлуката на највисоката институција, Уставниот суд. АЛСАТ дознава дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со внимание ја следи состојбата, не само за последната одлука на Уставниот суд, балансерот, туку и за аргументите изнесени во овој случај од страна на конститутивните судии.

Advertisements

Комисија за спречување и заштита од дискриминација:

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гради став по прашањето за балансерот како афирмативна мерка и механизам за остварување правична и соодветна застапеност на различни општествени субјекти во државните институции и органи. На почетокот на следната недела јавно ќе биде соопштен официјалниот став на Комисијата за балансерот“.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е еден од органите кои својата дејност ја засноваат токму на недискриминација, а како независно и професионално тело кое одговара на потребите на граѓаните за заштита на нивните права, нејзината мисија е да промовира позитивни промени за фундаментална еднаквост, унапредување на човековите права и елиминација на сите видови дискриминација. АЛСАТ дознава дека се очекува претседателот на оваа комисија Лимко Бејжаровски во вторник да ја соопшти  одлуката на комисија.

Народниот правобранител како одговорен за следење на застапеноста на малцинствата за АЛСАТ одлуката ја оцени како политичка. Дури и членот на Уставен, Осман Кадриу, одлуката ја нарече неуставна, па отиде и понатаму барајќи го Бадентеровиот принцип во оваа институција.

Зекирја Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button