ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Балансерот требаше да се укине порано

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, смета дека Уставниот суд требало порано да го укине балансерот, бидејќи според неа, самиот термин „балансер“ е спорен. Сиљановска Давкова во интервју за Телевизија 21, изјави дека со воведувањето на балансерот не се почитува професионалноста и компетенциите како што е предвидено со Охридскиот договор, туку само етничката припадност.

Advertisements

Сиљановска ја отфрла можноста земјата да се врати во 2001 година и вели дека нема индиции за евентуална дестабилизација. Одговарајќи на реакцијата на ДУИ по уставната одлука за укинување на балансерот, Сиљановска рече дека политичките изјави се легитимни, но ситуацијата во земјата воопшто не е слична на онаа од 2001 година.

Претседателката додаде дека земјата треба да води сметка за европските стандарди и да знае дека без меритократија нема европеизација.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button