Што конзумираат децата додека се на училиште?!
Што конзумираат децата додека се на училиште?!

Децата конзумираат енергетски пијалоци додека се на училиште. За да се провери состојбата на терен, Алсат ги набљудуваше учениците од основните и средните училишта што консумираат додека се на голем одмор.
Последиците од употребата на енергетските пијалоци се многубројни и штетни. Педијатарот Сани Бајрами од Тетово рече дека оние деца кои користат енергетски пијалоци имаат проблеми со однесувањето.
„Тоа се главно несакани ефекти или нарушувања на функционирањето на централниот нервен систем. Негативните ефекти се состојат во појава на несоодветно однесување, избрзано или бурно однесување бидејќи енергетските пијалоци се главните стимуланси на т.н. хормон на стресот кој е еден од хормоните одговорни за предизвиканите или избрзаните дејства или неконтролираните дејства на централниот нервен систем “, рече Сани Бајрами,педијатар.
Покрај енергетските пијалоци, децата секојдневно консумираат чипс, хамбургери, тост и брза храна полна со масни сосови. Диететичарот Валбона Кадриу вели дека ваквите производи, покрај тоа што предизвикуваат дебелина, се и канцерогени.
„Хамбургер или производ толку тежок, толку калоричен наутро, преработен, нема да може да се свари доволно, ќе бидат потребни два до три часа за да се свари. Да не зборуваме дека за време на обработката на помфритот има заситени масти кои формираат слободни радикали кои потоа кај децата можат да предизвикаат разни болести како што се дебелина, канцерогени болести и сè друго“, додаде Валбона Кадриу, диететичар.
Досега надлежните институции немаат понудено стратегија која би била решение за консумирање на нездрава храна и пијалоци во училиштата. Храна организирана од институциите не се прави во речиси ниту едно училиште, освен во она со дневен престој. Дури и во овие училишта, диететичарите имаат резерви за храната што се дава и која не може да се категоризира во здрава храна./Алсат.мк
Мелихате Рустеми