ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за убиството на 15-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски се очекува да продолжи в понеделник

Судењето за убиството на 15-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски се очекува да продолжи в понеделник

Во скопскиот Кривичен суд в понеделник се очекува да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, откако во затворот Шутка се врати Боро Видевски, еден од обвинетите кој беше хоспитализиран. Заедно со Видевски, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев и Влатко Кешишов, ќе седнат на обвинителна клупа, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Advertisements

На рочиштето се очекува да сведочат мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска и сведоците Ана Киркова и Тодор Кирков.

Малолетната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември минатата година. По шестдневна интензивна потрага, полицијата успеа да го пронајде мртвото тело во околината на Скопје,а потоа уапси 3 лица, кои потоа беа обвинети дека биле учесници во кривичното дело.

Според полицијата и обвинителите, Вања била убиена на денот кога била пријавена за исчезната, додека екзекутор бил Палчо, кој преку Србија избега во Турција, а по шест месеци беше екстрадиран во земјата.
Киднапирањето на Вања, според Обвинителството, било извршено во автомобилот „Цитроен“ на Панче Жежовски од Велес, кој бил пријавен за исчезнат 3 дена пред исчезнувањето на Вања. Автомобилот му бил одземен откако Жежовски бил убиен и закопан во околината Велес.

Во обвинението, Обвинителството го вклучи и таткото на Вања, кој е осомничен дека му дал информации на Палчо, со цел тој и групата да го извршат нејзиното киднапирање. Мотивот за нивното киднапирање и убиство, според обвинителството, е барање откуп.

За киднапирањето и убиството на Вања и Жежовски, согласно одредбите од Кривичниот законик, за Палевски, Видевски, Манев и Кешишов предвидена е казна од 10 години до доживотен затвор. Во меѓувреме, таткото на Вања, кој е обвинет само за киднапирање, ако се докаже дека е виновен, може да биде осуден на минимум четири години затвор. Во првото рочиште тие се изјасниле дека не се чувствуваат виновни за случајот./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button