СВЕТ

Германскиот канцелар Олаф Шолц и вети на Украина дополнителна воена помош

Германскиот канцелар Олаф Шолц и вети на Украина дополнителна воена помош

Германскиот канцелар Олаф Шолц и вети на Украина дополнителна воена помош од западните партнери Белгија, Данска и Норвешка. Воената поддршка е проектирана на 1,4 милијарди евра, кои ќе вклучуваат системи за противвоздушна одбрана, тенкови, радари, артилерија и беспилотни летала. Шолц го соопшти ова на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин.

Advertisements

Зеленски дојде во Берлин за да му го претстави својот победнички план на Солц и да го убеди да обезбеди нова воена помош, за која украинскиот лидер вели дека е потребна за да ја принуди Русија на мировни преговори.

Зеленски во претходните 24 часа се сретна и со лидерите на Велика Британија, Франција и Италија, како и со новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте.
Целта на Зеленски е да обезбеди што е можно повеќе воена помош пред ноемвриските избори во САД, кои би можеле да го вратат Доналд Трамп на власт./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button