ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер
На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

На Школата за млади лидери во Охрид денеска ненадејно почина Алекс Алмонд, поранешен шкотски премиер, откако му се слошило за време на ручекот.
Во чест на Салмонд вечерва се одржа комеморација на која се обрати поранешниот претседател Иванов, заменикот-генерален секретар на ОН Моратинос како и дел од учесниците на форумот. На комеморацијата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Алмонд беше шкотски политичар, економист и телевизиски водител, кој беше премиер на Шкотска од 2007 до 2014 година.