ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска без одлука за изборот на заменичката директорка на Разузнавање

Антикорупциска без одлука за изборот на заменичката директорка на Разузнавање

Антикорупционерите и натаму постапуваат по однос на претставката за именувањето на заменик-директорката во Агенцијата за Разузнавање, Ивана Стојановска, која на 28 јуни со одлука на претседателката Гордана Сиљановска Давкова беше поставена на оваа функција. Од Државната комисија за спречување на корупција за Алсат велат дека треба да се утврди состојбата за да се донесе конечна одлука.

Advertisements

„Во однос на предметот за именување на заменик-директорката на Агенцијата за разузнавање, ве известуваме дека постапката е во тек Прибрани се информации во насока на утврдување на фактичката состојба. По утврдување на фактичката состојба во конкретниот случај, ќе биде донесена одлука на јавна седница, која ќе биде објавена на веб страницата на ДКСК„, велат од Државна комисија за спречување на корупција .

На 11 јули антикорупционерите најавија дека предметот за именувањето на Стојановска ќе биде приоритет, но и три месеци подоцна одлука нема. Стојановска во Агенцијата има 7 години и 9 месеци стаж, а согласно законот на Агенцијата, за заменик-директор се избира лице со најмалку 10 години работно искуство во областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика. Од друга страна пак со доаѓањето на новата Влада, беше најавено спојување во една институција на Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и дирекцијата за безбедност и класифицирани информации. Во врска со изборот на директорите кои ќе ја водат оваа институција, Мицкоски во своето последно гостување во Алсат рече дека тоа ќе бидат избрани луѓе кои се професионалци во својата област.

„Таа нова агенција којашто ќе се грижи и која ќе ги обедини сите овие служби е дел од сето она коешто ние како коалиција го имаме договорено, усогласено и така натаму. Директорот ќе го предложи секако коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вториот човек ќе го предложи коалицијата предводена од ВЛЕН односно ВРЕДИ и во таа систематизација ќе има јасни критериуми кои персоналните решенија ќе мора да ги исполнат, тука нема компромис со професионалноста„, рече Христијан Мицкоски на интервју за Алсат.
Додека се чека одлуката на Антикорупцика, во Агенцијата за разузнавање ќе продолжи да работи Стојановска како заменичка, чија биографија не е објавена ниту на сајтот на Агенцијата како што тоа беше случај со претходните раководни лица. Од кабинетот на претседателката Сиљановска пак, изборот на Стојановска го правдааа повикувајќи се на нејзиното искуство во ИТ секторот, докторатот кој Стојановска го има и работното искуство во областа на сајбер безбедноста, како и нејзиниот ангажман на факултетот за безбедност./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button