Од ВРЕДИ немаат проблем ако предлог занонот за правична застапеност биде испратен до Венецијанската комисија
Од ВРЕДИ немаат проблем ако предлог занонот за правична застапеност биде испратен до Венецијанската комисија

ВЛЕН нема проблем доколку законот за правична и соодветна застапеност, кој би го заменил укинатиот балансер од Уставниот суд, пред одобрување биде испратен до Венецијанската комисија.
Овој предлог вчера дојде од премиерот Христијан Мицсоки, но со оглед на тоа што Балансерот сè уште не постои, испраќањето на законот пред одобрување до Венецијанската комисија би значело временски вакуум, во кој нема да има контролен механизам за следење на правичната и соодветна застапеност во државата. Но, според вицепремиерот Арбен Фетаи, дотогаш е доволна само уставната одредба.
„Не сум загрижен за вакуумот што го спомнувате. Важно е конечно да се воведе закон за правична и соодветна застапеност, кој уставниот принцип на правична и соодветна застапеност ќе го преточи во законски обврски за институциите со контролни механизми и механизми за извршување, кои досега недостигаа“, рече Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.
„Ако добро ве разбрав, дали се согласувате предлог-законот, пред да биде изгласан во Собрание, да биде испратен до Венецијанската комисија?“, прашуваше Суад Бајрами, новинар на Алсат.
„Реков дека тоа е пракса и дека имајќи ги предвид прашањата што се толкуваат во овој предлог-закон, добрата практика, меѓународната практика е да се добие мислење од Венецијанската комисија„, додаде Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.
„И ова не е проблем ако се изгласа законот после една година?, прашуваше Суад Бајрами, новинар на Алсат.
„Кажав, за овој закон се зборува со години и години, овој закон се одолговлекува точно 22 години. Овој закон требаше да биде воведен во моментот кога го изгласавме 6-от амандман на Уставот“, нагласи Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.
Мицкоски, вчера рече дека новото законско решение дефинитивно мора да биде уставно и да биде во склад со препораките на Венецијанската комисија, поради што ќе биде испратено на разгледување.
Испраќањето на нацрт-законот до Венецијанската комисија пред одобрување би значело дека законот нема брзо да биде донесен. Колку долго може да потрае, покажува искуството со Законот за употреба на јазиците, чиишто членови беа испратени на оценување во јануари, а мислењето дојде речиси една година подоцна, во декември.